Motherhood

Само еднаш во животот вистински се сака

Во последно време темите за љубов ми се страшно актуелни , а како што гледам не само мене. Дали поради студената зима, која не депресира дополнително, или поради нешто друго, но луѓето покрај мене зборуваат само за љубов. И немој да мислите дека зборуваат убаво за неа…

Вистината е дека љубовта осакатила повеќе луѓе, отколку веројатно усреќила. Сакам да кажам дека љубовта не е за секого, како што би кажала и за математиката или историјата, но некако не можам.  Љубовта е за сите. Таа е како голема купола што ја опфаќа целата земја и нема човек кој што не бил допрен од неа на еден или друг начин. Луѓето што ја почуствувале само еднаш ја губат верата, исплашени се и несигурни. Исплашени дека никогаш повеќе нема да ја сретнат. Јас ги разбирам.

Вчера ми рекоа: „Срцето секогаш ќе ти биде на друго место. Сепак човек љуби вистински само еднаш во животот…“ Останав непријатно замислена. Перспективата да несакам повторно вистински, ме погоди како шамар по лицето. Исто како да ти кажале дека од сега понатака ќе живееш во кафез, или дека ти остануваат уште броени денови живот. Искрено кажано, предпочитам да не ми го кажеа ова. Ако поверуваш во овие зборови, ќе имаш уште едно бреме плус на грбот. А верувајте ми, увереноста на еден човек, може да те натера сериозно да се замислиш, па дури и да поверуваш. Да живееш со мислата дека веќе си ја сретнал големата љубов, но си ја пропуштил и дека повеќе нема да имаш слична шанса, е многу тешко. Сега ќе јадеш трошки наместо леб.

Сево ова звучи добро за оние кои сеуште не ја сретнале големата љубов. На нив очигледно им предстои да ги доживеат најубавите моменти во животот. Но што да кажат оние кои го преживеале сето тоа и во нив се вгнездило чувството кое неможат да го одстранат, чувства што не можат да ги избришат…? Сите тие живеат со надежта дека приказната ќе се повтори и дури ќе биде поубава, зошто слушнале дека со времето човек ги открива вистинските вредни нешта, вистински пријатели, вредности, љубов. Да, но кој и да им го кажал ова, дали знаел, дека има луѓе, кои ги откриле своите вредности многу порано од другите. Некои едноставно знаат…

И така, секоја моја надеж беше згазена, без капка жал…и тоа од едни мали зборови – дека човек сака само еднаш. Епа добро. Во таков случај ви го отстапувам местото. Јас сум го добила своето за овој живот.

Напиши коментар