Времињата не се она што беа. Жените и мажите, исто така. Денес послушната домаќинка веќе одамна готварската престилка ја заменила со стилски костум. Денес жената не е само грижлива сопруга, која го поддржува својот сопруг, простува и воспитува. Всушност современата жена нема потреба од маж, кој ќе се грижи за неа, бидејќи таа одлично може да се справи и сама. Денес современта жена е олицетворение на мулти-функционалност и флексибилност. Или како се викаше во таа песна во оној филм:” La Donna E Mobile”.
А какви се принципите на модерната жена, кој што ја претвараат во независна, успешна дама?
Успешната жена е сигурна во себе!
Таа никогаш не паничи од финансиски, семејни или било какви други проблеми. Нема време да се самосожалува, да обвинува или да размислува, бидејќи е премногу зафатена да се бори за својата иднина.
Успешната жена не се доживува како хероина!
Таа одлично знае дека ништо на овој свет не се добива заради шарм или силикони, ако не го заслужиш. Знае исто така дека никој на никого не е должен, затоа не очекува ништо подарено, ниту од мажите, ниту од шефот, ниту од судбината. Од успешната жена нема никогаш да ги чуеш зборовите: “Јас сум самохрана мајка и покрај тоа добро се справувам. “За неа мајчинството не може да има квалификации, а справувањето е нормално, не е прашање на сила, независност и слично.
Успешната жена никогаш не се помирува со “стекнатите состојби”!
Таа не се плаши од статистиката за невработеноста, од разводот, од осаменост… Таа никогш не би кажала ништо од типот: “Таква ми била среќата”. Успешната жена не губи ни минута од времето, истражува се за да ги промени “стекнатите состојби”! Дури и ако тоа значи да почне со работа, која е под “нивото” или да остане “самохрана мајка” во името на нејзиниот мир и мирот на сопственото дете.
Успешната жена е решителна! Многу решителна!
Психолозите одамна ја определиле неодлучноста како убиец на личниот успех. Но современата успешна жена нема потреба од психолог, за да го разбере тоа. Таа никогаш не ги одложува важните одлуки за подоцна.
Успешната жена е оптимист!
Дури и да и се наложило да работи нешто што не ја прави среќна, во името на опстанокот, таа никогаш не губи надеж и поттик. Напротив! Успешната жена се бори со заби и нокти и верува дека некогаш ќе ги постигне своите цели. Бидејќи успешната жена успеала, дури и кога успехот е само во нејзините мисли!