Холивудската мегаѕвезда Сндра Булок беше прогласена од престижното списание “Entertainment Weekly” за број 1 во шоу-бизнисот. Актерката е избрана меѓу 16 личности од музиката, телевизијата и филмот. Оваа година таа се издвои во две сосема различни улоги – во комедијата “Нежна полиција” и во 3Д научната фантастика “Гравитација”, каде што соработува со Џорџ Клуни.

Следното лето таа влегува во клубот на 50-годишните дами и не крие дека по разводот со неверниот сопруг сака да води живот како самохрана мајка.

