ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 лажиче брашно
300гр мелено месо
1 лажиче сол
1 лажиче мелен црвен пипер
1 лажиче вегета
1 главица кромид
5 лажици масло
15 лозови листови
ПОДГОТОВКА НА ФИЛОТ:
Исечете го кромидот на најситни парчиња.
![]()
![]()
Во садот ставете го маслото да се загрее. Кога доволно ќе се загрее, додадете го кромидот.
![]()
![]()
Испржете го кромидот па потоа додадете го меленото месо.
![]()
![]()
Веднаш потоа додадете ги зачините, сол и бибер.
![]()
![]()
Додадете и вегета за подобар вкус и црвен пипер за подобра боја на месото.
![]()
![]()
Откако ќе зачините, додадете и едно јајце да ја соедини смесата.
![]()
Во сад со средна големина ставете вода и сол.
![]()
![]()
Оставете ја водата да зоврие. Откако ќе зоврие тргнете го садот од шпоретот и потопете ги лозовите листови на неколку минути, додека не омекнат и почнат да ја менуваат бојата.
![]()
ФИЛУВАЊЕ НА САРМИЧКИТЕ
Земете еден лист и на средина ставете од прилика едно лажиче од подготвениот фил.
![]()
Виткајте ги сармичките како што е прикажано.
![]()
![]()
![]()
![]()
ВАРЕЊЕ НА САРМИЧКИТЕ
На дното на садот ставете неколку лозови листови.
![]()
Наредете ги сармичките што поблиску една до друга за да не се распадната при варење.
![]()
Откако ќе ги наредите, ставете вода и неколку листови врз нив.
![]()
Со сармичките послужете и павлака.
Пријатно!

1 Comment
mnogu vkusno