Многу од големите играчи во модната индустрија поставија правила во модата за следната топла сезона.
Италијанската модна недела фасцинира со еклектичен стил претставувајќи повеќе шарени дизајни на гардероба и додатоци.
По студената есен и долгата зима ќе можеме да уживаме во една вистинска експлозија од бои и принтови, кој нема да не остават рамнодушни.
Храбар Color-blocking од Prada
Прада никогаш не се плашела да биде храбра, алтернативна и заедно со сето тоа-различна и изненадувачка. Пролетта 2014 според овој моден бренд е идејата за силна и борбена жена. “Ако те видат, ќе те слушнат” е мотото на колекцијата.
Толку едноставно – Just Cavalli
Постојат многу зборови со кои може да се опише пролетната колекција на Just Cavalli, но “умерена” сигурно не е една од нив. новата линија на италијанскиот дизајнер и неговиот тим е со светли бои и егзотични елементи како флорални и животински мотиви.
Принт Snoopy од Fay
Малото, слатко, анимирано кутре Snoopy е главниот лик во пролетната колекција на Fay.
Самовилите на Versace
Инспирацијата на Донатела Версаце е “улицата како нов моден подиум”.
Бохо стил со Etro
Дизајнерката Вероника Етро решава да и оддаде почит на модната мрка за која создава, создавајќи гардероба, проткаена со бохо стил и посеана со нота на етно инспирација.