Art & Crafts

Седум начини да се чувствувате заводливо

Кога се чувствувате уморно или празно, еве начин да го разбудите својот “шарм” и да ја маѓепсате околината!

Ако сте се запрашале како е можно некои жени секогаш и секаде со својата појава и харизма да “заведуваат” се околу себе, секогаш да делуваат срдечно, расположено и дотерано, тогаш ние ќе ви ја откриеме тајната. Не, тие не се волшебнички ниту пак се така родени, едноставно тие имаат некои мали трикови кои ги прават, заводливи жени.

За да заведете некого пред се треба да имате желба, волја, да бидете воспитани, да имате одредена конкретност, фина природа и уметност на комуникација со луѓето. Значи клучно е да бидете дама!

–          Облечете убав фустан: Фустаните се женствени, сензуални, практични и современи парчиња, и секоја жена може да пронајде модел кој фантастично ќе и прилега!

–          Пронајдете парфем што ќе ви одговара: Жените со години бараат парфем кој ќе го одсликува нивниот темперамент и она што навистина се. Мирисите се важен дел од нашиот живот, па така и вистинскиот парфем има важна улога во стилот на една дама. Добриот и препознатлив парфем е нешто по што жените остануваат во сеќавање.

–          Иако сите ние понекогаш сме фрустрирани и често нервозни, заводливата жена мора да знае како да се однесува во јавноста. Таа не употребува груби зборови, туку пронаоѓа друг начин да се ослободи од своите фрустрации.

–          Секогаш бидете љубезни: “Убавиот збор и железни врати отвора”. Љубезноста е често клуч за успех, бидејќи секој цени кога го почитуваме и кон него се однесуваме со почит и коректно.

–          Внимавајте со алкохолот: Секоја жена сака добро да се забавува. Сепак, заводливата жена знае дека забавата не е поврзана со алкохолот, таа никогаш не претерува со пиењето.

–          Научете да давате комплименти: Комплиментите секој сака да ги чуе, исто како и вие. Затоа не се срамете да упатите вистински комплимент. Не ласкајте лажно, туку кога од срце имате нешто да кажете,  кажете!

 

Напиши коментар