Мојата мајка не ја кажуваше секогш вистината. Ме излажа седум пати и тоа во најважните моменти во животот. Приказната почнува со моето раѓање. Роден сум како син единец во многу сиромашно семејство. Сиромашно до тој степен, да немавме доволно храна, а камоли нешто повеќе. Во ретки моменти се случуваше да имаме малку компири дома. Мајка ми ќе спремеше скромен оброк и секогаш својот дел ќе го ставеше во мојата чинија кажувајќи: “Јади сине, јас не сум гладна”.
Тоа беше нејзината прва лага
Кога малку пораснав, мојата мајка по завршувањето на домашните работи, ќе отидеше до реката која се наоѓаше под нашата куќа, надевајќи се дека ќе улови некоја риба за мене, да се хранам здраво и да се развивам како другите деца. Во едена прилика успеа да улови две риби. Побрза да се врати дома, ги спреми тие две риби и ги стави во мојата чинија. Јас малку по малку јадев од рибата, а мојата мајка јадеше од тоа што ќе остане од мене .Гледајќи го тоа, моето срце затрепери и другата риба ја ставив пред мајка ми, а таа ми ја врати и ми рече: “ Сине, изеди ја ти оваа другта, знаеш дека јас не сакам риба”.
Ова беше нејзината втора лага.
Времето минуваше и дојде денот кога треба да тргнам во училиште. Бидејќи немавме доволно пари за школување, мајка ми отиде во една продавница за гардероба и се договори со газдата да ја продава гардеробата по домовите на угледни и богати луѓе. Една ладна и врнежлива вечер, мајка ми долго се зарджа на работа. Чекајќи ја дома, се загрижив и излегов да ја барам. Ја видов како носи торба со облека и чука на туѓа врата. Ја повикав: “ Мајко ајде дојди. Одиме дома, касно е и ладно. Можеш да продолжиш утре!” таа се насме и ми рече: “Сине мој, јас не сум уморна”.
Ова беше нејзината трета лага
Дојде и денот кога се полагаа школските испите. Иако беше многу топло, мајка ми сакаше да дојде со мене во училиште. Сонцето ја пржеше земјата, а површината на песокот се тетураше од топлина. Влегов во училиштето, а таа остана да ме чека во школскиот двор. Кога завршив со испитите, излегов, а мајка ми дочека со топола мајчинска прегратка, исполнета со љубов и милост. Во раката држеше ладен свеж сок кој го купила за мене. Кога почнав да пијам, се завртев и ја погледнав, низ нејзиното чело се слеваше пот. И ја подадов чашата и и реков: “Мамо, напиј се”,а таа ми рече:”Само ти пиј сине, не сум жедна”.
Ова беше нејзината четврта лага.
По смртта на мојот татко, мојата мајка живееше тежок живот како вдовица. Ја превзеде сета одговорност за водење на куќата, едноставно мораше да се грижи за се. Животот стана тежок, а ние често гладувавме. До нашата куќа живееше мојот вујко, инаку многу добар човек. Често ни даваше храна. Кога нашите соседи видоа дека нашата состојба станува неподнослива, ја советуваа мојата мајка да се омажи за еден човек кој би ни помогнал во животот. Меѓутоа, мојата мајака го одби советот со зборовите:”Јас немам потреба од љубов”.
Тоа беше нејзината петта лага
По завршувањето на факултетот, добив добро платена работа во една фирма и одлучив јас да ја превземам одговорноста за водење на куќата. Со оглед на тоа дека здравјето на мојата мајка ослбна и повеќе не можеше да продава облека по куќите на богатите луѓе, почна да продава зеленчук на пазар. Кога престана да работи, издвоив дел од својата плата и и го дадов нејзе, а таа ме одби и ми рече:”Чувај ги сине твоите пари, јас имам доволно за себе”.
Тоа беше нејзината шеста лага.
И покрај тоа што имав работа, го наставив школувањето и магистрирав. Постигнав успех и моите приходи се зголемија. Една фирма ми понуди добра работа во своето седиште во Германија. Навистина се израдував и така почнав да сонувам за пари и посреќен живот. Откако отпатував и се средив, ја повикав мајка ми да живее со мене. Таа не сакаше да ми смета и ми рече:”Сине, не сум јас навикната на лагоден живот”.
Тоа беше нејзината седма лага
Како времето минуваше, мојата мајка старееше и се разболе од рак. Во тешките моменти некој мораше да и помага. Што можев да направам кога помеѓу мене и мојата сакана мајка стоеа многу држави? Оставив се и се вратив дома. Мајка ми ја најдов во постела. Кога ме виде, проба да се насмее. Срцето ми се кинеше колку беше исцрпена и слаба. Тоа не беше мојата мајка која ја познавав… солзи се слеваа низ моите образи, но таа и тогаш сакаше да ме утеши и ми рече:” Сине, немој да плачеш, јас не чувствувам болка”.
Тоа беше нејзината осма лага
Откако го кажа тоа, ги затвори очите и повеќе не ги отвори.
Секој кој го има благодетот да е блиску до своите родители му порачувам:
ЧУВАЈ ЈА ОВАА БЛАГОДЕТ!