Луксузниот Constance Lemuria Resort of Praslin е првиот резорт со 5 ѕвезди отворен на Сејшелите. Резортот е изграден на идилична локација заобиколен од раскошна природна вегетација каде сопствениците вложиле многу за да ја зачуваат во својот природен изглед.
За истата цел при изградбата се користени само природни материјали за да се долови атмосферата на максимална опуштеност и баланс со природата.
Резортот поседува три фасцинантни плажи кои ги обединуваат белиот песок и тиркизниот океан правејќи ја комбинацијата незаборавна глетка и доживување кое се памети долго.

















