Motherhood

Секогаш, секогаш имаш избор!

Знаете ли дека нема добро или лошо, вистина или лага? Сето тоа е само прашање на нашата гледна точка.

Ние бираме, луѓе! Ние избираме дали да бидеме среќни или несреќни. Дури и во најтешките моменти…

Кога си изгубил близок човек, имаш избор! Да се закопаш во тагата или да си благодарен за убавите моменти кои си имал можност да ги доживееш со него.

Кога си ја изгубил својата работа и си останал без пари, имаш избор! Да станеш депресивен или да прифатиш дека за тебе почнува нов почеток.

Кога ќе сватиш дека си болен, имаш избор! Да се сожалуваш и да се предадеш или да почнеш да го цениш секој момент од животот, да се радуваш на малите нешта, на работите кои пред тоа не си ги ни забележувал.

Кога ќе паднеш имаш избор! Да се откажеш или да го примиш неуспехот како најдобар учител.

Да, да избереш да продолжиш напред е многу тешко, но тоа значи да избереш да живееш вистински! А зарем во тоа не е поентата да сме тука на оваа земја?

Write A Comment