Ако има женска фризура на која мажите беспрекорно и се покоруваат, тоа е фризурата со кадрици!
Тие се секси, тие се женствени, тие се неодоливи… И сега ќе ви покажеме како да ги направите, така што ќе им дадете повеќе волумен! Бидејќи обемот е уште повеќе секси, нели?
Во видеото кое денеска ви го подготвивме, ќе видите една интересна техника , која вклучува поголеми и помали кадрици. Токму оваа комбинација создава голем обем како на модните икони од 90-тите.
Се разбира, ефектот бара и правилно сушење со фен, така што косата треба да биде малку подигната во корените.
Она што е препорачливо за оваа фризура е масло од Арган. Нанесете го пред да започнете со стајлингот. Тој е неверојатен производ за кадрава коса. Вистинка магија!