Кој вели дека белото не е секси? За сите идни невести и нивните избраници, култниот бренд “Victoria’s Secret” креираше гламурозни комбинации прикладни за првата брачна ноќ. Секако, тука се и заводливи парчиња за деновите кога новопечените сопружници ќе заминат на своето брачно патување.