Ќерката на Мајкл Џексон, Парис Џексон, во моментов се наоѓа во болница откако се обидела да се самоубие, а нејзиното семејство прави се за старателството да не го добие нејзината мајка, Деби Роу. Како што пренесуваат одредени медиуми, никој од семејството Џексон не сака да го дозволи тоа. “ Многу членови на семејството бурно реагираат на идеата Деби Роу да стане старател на Париз Џексон. Семејството ќе се бори со сите средства доколку Роу покрене постапка”. Семејството Џексон мисли дека Деби само сака да го насочи вниманието на јавноста кон себе, особено бидејќи таа го издала соопштението по повод обидот за самоубиство на нејзината ќерка.

