ШоуБиз

Сестрите Кардашијан: Со нов бизнис

Ким, Клои и Кортни изјавиле дека од следниот месец на пазарот ќе се најде нова линија на козметички препарати за самопотемнување “Sun Kissed”, со нивниот потпис.

Во рамките на оваа колекција ќе се најдат производи за кои сестрите Кардашијан гарантираат дека ќе овозможат траен изглед на потемнета кожа. Тие објасниле дека се одлучиле за овој чекор бидејќи и самите сакаат да имаат темен тен.

“Мислам дека темниот тен е начин на живот за нас, со оглед на тоа дека живееме во Калифорнија. Кога патувам тоа ми помага да се чувствувам живо, дури и кога не носам шминка. Редовно користам производи за самопотемнување, но ниту еден производ кој сум го користела не е доволно рамномерен кога ќе се нанесе, па одлучивме да направиме производи кои ќе направат права покриеност”, изјавила Ким.

Сестрите Кардашијан веќе имаат линија на шминки , парфеми и гардероба со свој потпис.

Напиши коментар