Поп ѕвездата Шакира и фудбалерот Жерард Пике веќе се среќни родители, откако Шакира го роди долго очекуваното бебе во Барселона, Шпанија.
Името на момчето ќе биде Милан Пике Мебарак. 35 годишната Шакира изјави дека е бремена во септември, кога го откажа своето учество на музичкиот фестивал во Лас Вегас.
Милан е првото дете на младиот брачен пар. И мајката и детето се во одлична здравствена состојба.