ШоуБиз

Шарапова е бремена?

Ѕвездата на светскиот тенис Марија Шарапова очекува дете од рекетот број еден на Бугарија Григор Димитров. Радосната вест со брзина на светлината се рашири низ интернет. Гласините дека таа чека бебе, тргнале од фактот дека се појавила во клиниката за бремени во Лос Анџелес. И покрај црните очила и обичната гардероба, Шарапова била препознаена од персоналот на болницата. Најчудно било дека на излез од клиниката, таа закажала и термин за следниот месец. Прегледите на бремените жени се задолжителни секој месец.

 

Напиши коментар