Многумина од нас сонуваат за летна куќа, некаде крај брегот на морето, а онаа која денеска ќе ви ја прикажеме е токму таква- со пријателска и опуштена атмосвера. Внатрешноста е јасна, светла и не тера да размислуваме за летото и морето. Мебелите направени од природно дрво, изгледаат како уметнички предмети меѓу белиот ентериер.
Однадвор, куќата е повеќе со минималистички стил. Има голем базен и прекрасни црвени лежалки. Вистинска оаза за одмор и мир!