Здраво тело

Шипките: Дива ризница на витамини

ВИТАМИНСКА БОМБА

Ботаничарите тврдат дека во плодот на шипката има повеќе витамин Ц отколку во било која друга билка. Покрај тоа ги содржи и витамините B, P, K и провитаминот А, потоа натриум, танин, флавондин, лимонова и јаболкова киселина, пектин, шеќер, мрсно и етерично масло.

Применета на шипките во медицината е широко распространета бидејќи се користи за лечење на сува кашлица и тоа најчесто во вид на чај кој се служи процеден и засладен.

ГО УСПОРУВА РАКОТ НА ПРОСТАТАТА

Од шипките се прави и многу квалитетно билно масло кое може да служи како тоник или витамински пијалок.  Нивниот плод се користи и за правење на препарати наменети за ублажување на воспаленијата на кожата. Благотворно делува на келиите на епидермот, а се користи и за терапија против акни, псоријаза и ја зголемува еластичноста на кожата.  Маслото од шипки е одлично и како средство за заштита од сончање, а неговиот сок према истражувањата на Универзитетот во америчката држава Висконсин, може да го успори развивањето на ракот на простатата.

Напиши коментар