ШоуБиз

Шокантна исповед на Џенифер Лопез

Во интервјуто за списанието “W” латино дивата открила дека морала да се бори за своите соништа и не и било лесно бидејќи заради кариерата се скарала со својата мајка Гвадалупе Родригез.

Денешната звезда во тоа време им објавила на своите родители дека сака да стане пеачка. Бидејќи нејзината мајка тоа не го одобрила, Џенифер си заминала од семејниот дом.

-Многу се каравме. Не сакав да одам на факултет, туку танцот и музиката беа мој избор. Спиев на креветот во студиото за танц. Иако бев без покрив над главата, знаев дека музиката е она со кое сакам да се занимавам.

Набргу почнала да добива ангажмани, па се преселила во Лос Анџелес.

Тој град на почетокот не го сакала.

-Го мразев Лос Анџелес, но сега го сакам. Но некако не ми дава сила како моето родно место.

На своите деца, петгодишните близнаци Макс и Ема, сака да им ја пренесе работната етика која ја усвоила од своите родители.

-Децата го прават она што вие го правите, а не она што вие велите. Јас тоа го видов кај моите родители. Мојот татко работеше доцна навечер и бев свесна колку се измачува заради нас. Мајка ми работеше во училиште. Секогаш чувстував дека не смеам да ги изневерам – изјавила Џенифер.

Write A Comment