Motherhood

Што бараат жените во еден маж?

Ние жените не сме толку наивни да веруваме дека постои совршен маж. Но пак веруваме дека таму некаде има некој кој ќе го сакаме и покрај неговите мали недостатоци, иако не е перфектен, но е идеалниот за нас. Сепак, настрана од овие романтични претстави, мора да признаеме дека постојат неколку работи кои страшно многу не привлекуваат и сакаме нашиот избраник да ги поседува. Видете кои се тие.

Да биде нашиот Супермен

Не, нема да му шиеме херојски костум! Само сакаме да се чувствуваме заштитени и да знаеме дека имаме силен маж зад грб.

Да не изненадува

И не, не е важно колку ќе чини изненадувањето! И едно чоколадо или цвет ќе не направат среќни.

Да има добро срце

Страшно многу не одвраќаат мажи кои се злобни кон луѓето и сурови кон животните. Не дека сакаме некоја Мека Мара, туку едноставно човек, способен на добрина и благодарност.

Да биде искрен

Добро де, може да излаже, ако фустанот не ни стои добро или не му се допаѓа нашата нова фризура. Но за важните нешта треба да знае дека ја насетуваме лагата од километри. И неискреноста навистина не навредува.

Понекогаш да ни готви

Не велиме дека треба да ни ја превземе работата во кујна. Но, вистината е дека човек кој готви, е страшно секси. А и не тера да се чувствуваме навистина посебно.

Да се грижи за изгледот

Не велиме да е прав убавец, едноставно да се облекува добро, да мириса пријатно и да одржува добра хигиена.

Да биде самостоен

Не сакаме да заработува милиони. Но едноставно да не е навикнат да живее на грбот на некој друг. Важно е да има јасни цели и перспективи за животот.

Write A Comment