Motherhood

Што и е потребно на една жена?

Ако сте од луѓето кои веруваат дека среќата на жените зависи од бројот на нулите на сметката на мажот, значи треба да ги прочитате следните редови. Жената се радува кога добива подарок или кога ја водат на екскурзија но не е тоа во основа на нејзините вистински желби, кога станува збор за љубовта. А тие се точно 3!

БЛИСКОСТ

Жените се многу социјални и општествени. Тие сакаат интимни разговори, љубовни филмови, романтични моменти и се што создава чувство на блискосст. Сакаат да знаат дека мажот мисли на нив, затоа и честите повици со прашањето: “Каде си?” не се за да вршат контрола врз вас туку да слушнат што мислите, да разговарате, да им кажете нешто убаво.

Жените сериозно ја доживуваат секоја негативна емоција и имаат потреба да ја споделат. Затоа и кога мажот до нив е нервозен и лут, тие постојано го притискаат да го сподели проблемот. Тие не сваќаат дека во таков момент тој само сака да остане сам. Жените бараат близина, можност да поплачат на рамото на својот сакан, да добијат силна прегратка или неколку нежни зборови. Без овие работи врската е осудена на бескарјни расправии и караници.

БЛАГОДАРНОСТ

Жените сакаат да видат дека го цените секое нивно дејствување за вас – секоја направена вечера, испеглана кошула, испрани чорапи, исчистена бања… Сакаат да го цените она што го прават за да бидат убави. За вас! Секој комплимент предизвикува неверојатна возбуда и дава смисол на нејзините напори.

СИГУРНОСТ

Иако повеќето жени изгледаат многу силни во справувањето со секој предизвик на животот, внатрешно тие се ранливи. Затоа нешто што им е вистински важно е верувањето дека можат да се потпрат на вас. Да веруваат во вашата љубов!

1 Коментар

Напиши коментар