Motherhood

Што не знаете за жените, а треба веднаш да дознаете?

Мислите дека не познавате? Има работи кои ниту ние самите не ги знаеме за себа. Или барем не сме размислувале. Но, сигурно има и такви за кои се сомневате и дека воопшто постојат кај нас. Еве кои се. Вистина или не, барем ќе ги разбиеме митовите за жените.

Сакаме пиво! И виски. Можеби не сите, но барем голем дел од нас.

Независно што велиме, но кога ќе ве видиме да држите бебе или да си играте со некое дете, тоа е најголемиот афродизијак за нас! Нема да згрешите, ако потоа се приближите и не бакнете.

Немате поим колку јадеме всушност! Ама многу!

Може и да гледате што правиме, но немате идеја што мислиме токму во овој момент. А тоа често е сосема различно од дејството.

Ако ви понудиме мастика, тоа обично значи дека си правиме план да ве бакнеме. Без навреда, само прифатете.

Гледаме фудбал, не заради самата игра. Бидејќи ни е пријатно да ве гледаме така страствени и возбудени, кога ни објаснувате нешто за натпреварот.

Тоа што се радуваме на бебешка облека и кондурчиња, не значи нужно дека сакаме дете!

Ако покажете лош третман на келнерот или продавачката во продавница, веројатноста да спиеме со вас е минимална.

Сметаме барем двајца од вашите пријатели за секси!

Кога се шегувате “колку ви е голем”, тоа секогаш не иритира.

Не сакаме да зборувате лошо за нашите пријателки. Дури и да не се совршени.

Кога ќе ни понудите за нешто да платите а ние не сакаме – настојувајте! Секогаш инсистирајте.

Романтиката е релативен термин! Понекогаш е романтично да не “изненадите”, дека сте смениле пукната цевка во бањата.

Write A Comment