Зборовите можат да прободат како меч. Затоа користете ги промислено и со многу љубов, особено во комуникација со децата. Вашите зборови можат длабоко емоционално да ги повредат.
Родителите најдобро знаат колку нивните сакани деца можат да бидат напорни, но колку и да ве изневерат не смеете да ги повредите со зборови. Некои ваши изјави можат емоционално да ги повредат. Еве неколку прилично отровни:
Ако не престанеш со тоа, ќе те оставам тука!
Заплашување на децата дека ќе ги напуштите за да го постигнете она што го сакате не е средство кое ја оправдува целта. Брижните родители нема да го користат тоа. Детето мора да знае дека родителите нема никогаш да го напуштат.
Зошто не си како твојот брат/сестра?
Никој не сака да го споредуваат со другите во негативен контекст. Така се создаваат комплекси.
Заради тебе се разведовме!
Тоа едноставно не е вистина. Не го лажете детето.
Бидејќи јас така велам. Ете зошто!
Децата заслужуваат објаснување.
Остави, јас ќе го направам тоа!
Децата треба да се потпираат на сојата моќ и способности, така ќе стекнат самодоверба.
Жал ми е што сум те родила!
Ако вакво нешто ви каже родител, најверојатно ќе го памeтите цел живот.
Ти си навистина лошо дете!
Ако отворено зборувате или сугерирате дека детето е лошо, тоа на тој начин ќе се однесува. Доколку морате да го скротите, кажете му дека она што го направило е лошо, а не тоа самото.