Motherhood

Што сакаат жените од својот партнер?

Жените се царици на компликациите. Нивните потреби и желби зависат од нивното расположение, психичката состојба, годините, хормоните и уште голема низа на фактори. Сепак, без оглед на се, постојат работи кои се непроменливи и кои секоја жена ги бара од својот маж, без оглед на се.

ДОБРА ЗАРАБОТКА. Мегутоа, овде не станува збор за готовина или матрјални работи, туку за чувството на сигурност. Жените во врската сакаат рамноправност. Но исто така сакаат и мажите да водат, во, и надвор од спаланата соба.

ФИЗИЧКА ПРИВЛЕЧНОСТ. Секако, ова зависи од тоа што одредена жена сака.

Интелигенција. Менталната стимулација и компатибилност на интересите на жените им е многу важна.

ВОДСТВО. Секоја дама сака да знае дека дека не мора таа секогаш да одлучува баш за се.

ЉУБОВ. Бидејќи дамите се друштвени и нежни, тоа е секогаш прво на нивниот список.

ЖЕНИТЕ САКААТ ДА:

–          Нивниот партнер да зборува со нив, а не само да ги “известува”.

–          Внимателно да ги слуша.

–          Да бидат емоционално поврзани со партнерот како рамноправни во врската.

–          Да бидат почитувани.

–          Да бидат раниви и женствени, но и кога се однесуваат така, да бидат сигурни.

–          Партнерот секогаш да се однесува како џентлмен во врската, а не само на првиот состанок.

–          Повеќе од десет минути предигра.

–          Романтика наместо матерјални подароци.

–          Да му веруваат на партнерот и тој да им верува ним.

–          Да имаат смисол за хумор.

Едноставно кажано, жените сакаат мажите да бидат свесни на нивната кревка природа, нивните романтични и нежни потреби. Тие не се само девојки, сопруги и мајки, туку и суштества кои во секој миг сакаат да се чувствуваат сакано.

Напиши коментар