Здраво тело

Што се лечи лимонадата

Кога животот ќе ви подметне лимон, направете од него лимонада, е позната америчка народна мудрост. Уште ако ви откриеме дека решава извесни здравствени проблеми…

Многумина го нарекуваат лимонот еден од најздравите намирници на светот, пред се поради големите количини на витаминот Ц, но и останатите нутриенти како што се биофлавоноидите, пектинот, фолната киселина, витаминот А, Б1, Б6, калиумот, калциумот, магнезиумот, фосфорот…

Некој ја сака, некој не, но факт е дека е многу здрава!

Пет проблеми кои можете да ги решите со лимон

–          Камен во бубрезите

Се ствараат кога урината содржи премногу сол, а недоволно останати супстанци како што е цитратот.

Бидејќи лимоновиот сок содржи лимонска киселина (околу осум проценти) најдобро е за подобра филтрација на бубрезите дневно да испиете пола чаша цеден сок од лимон разреден со седум чаши виода. Можете да го засладите со вештачки засладувач и да го пиете секој ден. Покрај тоа треба да го намалите внесувањето на сол и да јадете помали порции месо и риба и да пиете доволно течности.

–          Артритис

Мокрачната киселина во ткивата и во зглобовите, се кристализира во повеќе од 95 проценти од случаите како натриумов урат што предизвикува артритис.

Како би се олеснила болката, укоченоста и воспалението, сокот од лимон може да биде многу корисен. Исцедете сок од пола лимон во чаша вода и испиете го пред  доручек. Уште една чаша разреден лимунов сок испиете пред ручек, вечера и пред спиење.

–          Затвор

Може да биде предизвикан од бројни чинители, вклучувајки го недоволното конзумирање на течности, влакна или земање на премногу млечни производи.

За лекување на затворот лимоновиот сок измешајте го со чаша топла вода. Ставете лажичка мед и пиете секој ден.

–          Осетлив желудник

Доколку ве мачи надуеност, горушница или подригнување треба да земете нешто што ќе ви помогне при варењето, а тоа се киселините во лимоновиот сок.

Измешајте го сокот од пола лимон со пола кафена лажица сода бикарбона во чаша со вода.

–          Болки во грлото

Лимонската киселина и витаминот Ц од сокот му дава на лимонот антибактеријски својства што помага при ублажување на воспалението. Лимоновиот сок исто така го зајакнува имуниот систем. Следниот пат кога ќе почувствувате надразнето грло, пробајте себе си да си олесните и да ги избркате вирусите- со лимонада.

Исцедете сок од лимон во чаша. Наполнете ја со топла вода и добро измешајте. Испирајте го грлото со разредениот сок од лимон неколку пати во текот на денот.

Напиши коментар