Откако модниот караван од америчкиот континент се префрли во британската престолнина, на улиците во Лондон можете да ги видите најинтересните и најоткачените модни комбинации.
Веќе на сите ни е познатао дека London Fashion Week e најопуштена и најзабавна модна седмица, а фактот што Manoli Blahnik и Tom Ford своите колекции одлучија да ги прикажат токму во Лондон, ни зборува колку е овој настан подобар за разлика од оние во останатите градови.
Со оглед на тоа дека времето во Лондон е прилично ладно, а дождот е честа појава, посетителите се облечени во неколку слоеви, а трендот кој го воочивме се предимензионираните капути во розови нијанси, како и карираните дезени кои се голем хит оваа есен. Во галеријата погледнете како се облечени посетителите на London Fashion Week- от и побарајте инспирација за вашиот сопствен стил.