Motherhood

Што велат децата за љубовта

Искрени, какви што се, го кажаа своето видување за љубовта. Иако се стари помеѓу 6 и 10 години, се чини дека некои знаат за љубовта повеќе од возрасните:

“Ако заљубувањето е како учењето на азбуката, не сакам да се заљубам. Предолго трае”.

“Никој не знае како тоа се случува, но сум чула дека има врска со начинот на кој мирисаш. Поради тоа   дезодорансите и парфемите се многу популарни”.

“На првиот состанок, луѓето меѓусебно си кажуваат лаги кои доволно ќе ги заинтересираат за да дојде до друг состанок”.

“Кога двајца се во врска подолго време, дечкото може да ја запроси девојката и да и каже: Спремен сум да те земам за цел живот, или барем додека не добиеме деца и да се разведеме”.

“Љубовта ќе те пронајде, дури и ако добро се сокриеш. Јас пробувам да се сокријам од мојата петта година, но девојките едноставно ме пронаоѓаат”.

Напиши коментар