Motherhood

Што жените ги пави среќни?

Заборавете на шопинг и чоколади, жените најмногу ги вреднуваат своите пријатели. Истражувањето спроведено во Австралија покажало дека најголемото чувство на среќа, жените го добиваат од своите пријателки.

Вкупно 84% од 6.250 испитани жени се потпира на своите другарки кога се во прашање совети, поддршка и забава.

“Жените со свои зборови ни кажаа дека среќата доаѓа од љубовта, сигурноста, поддршката, заедништвото кое ги обезбедуваат семејството и пријателите. Она што го расипува тоа чувство на среќа се грижите околу парите, личната несреќа, недостиг на време и лошите врски. Покрај овие притисоци, добрите пријателки се исклучително важни за жените бидејќи тие носат доза на разум во тој хаос. Пријателките им помагаат на жените да останат “прибрани”, изјавила директорката на компанијата Кидспот која го нарачала истражувањето.

Исто така истражувањето покажало дека храната има важна улога кога е среќата во прашање – 76 проценти од жените изјавиле дека храната им причинува навистина огромно задоволство.

Повеќе од 66 проценти од жените се вечни оптимисти и тие веруваат дека нивната напорна работа и труд на крајот ќе вредат.

Најголем непријател на среќата за поголемиот број на жени, 72 проценти од нив, представува нивната телесна тежина.

Напиши коментар