Потребни состојки за мафините:
100гр путер
250гр пире од костени
2 јајца
75гр шеќер во прав
125гр остро брашно
2 лажички прашок за пециво
За кремот:
250гр пире од костени
2 лажици млеко
100гр шеќер во прав
1 пакетче ванилин шеќер
2 лажици рум
500мл слатка павлака
12 коцки чоколадо
За декорација:
12 варени костени
1 лажица путер
50гр шеќер
Подготовка:
Растопете го путерот, тргнете го од оган, додадете го пирето од костени, па изматете. Потоа измешајте ги јајцата и шеќерот да добиете изедначена смеса. Додадете го брашното измешано со прашокот за пециво, добро промешајте и со смесата полнете ги калапите за мафини, но само до пола. Потоа ставете една коцка чоколадо, па наполнете ги калапите до крај. Печете 20 минути на 180 степени. За кремот, пирето од костени измечајте го со млеко и испасирајте го со сито. Соединете го со шеќерот, шеќерот од ванила и со румот. Чврсто изматете ја слатката павлака и соединете ја со пирето од костени. Смесата ставете ја шприц за колачи и нафилувајте ги изладените мафини.