Motherhood

Сигурно се прашувате што се врти во главата на мажите?

Сигурно се прашувате понекогаш што се врти во главата на мажите? Тука ќе ја видите целата жална вистина:

*За секс ќе направам се – дури и да ти ветам дека вечно ќе останеме заедно.

*Кога жена прва ми приоѓа, губам интерес. Бегам кога нешто ме брка.

*Треба понекогаш да ми покажеш каде ми е местото. Сакам да слушнам и „не“ од тебе. Така ќе те оценам како личност.

*Ако ме слушаш за се што ќе ти кажам, ќе го изгубам респектот за тебе. Можеби ќе останам со тебе, затоа што ми е удобно. Но за да те сакам вистински, за тоа треба и респект.

*Ако ми се подчинуваш неприкосновено, никогаш нема да се вљубам вистински во тебе.

*Кога барам нешто од тебе ( секс, внимание…) дај ми го побавно, отколку очекувам, ако добијам се и добијам брзо, губам интерес.

*Представата што ти ја имаш за себе си, истата ја имам и јас. Цени се пред се себе си, за да те ценам и јас.

*Кога велам едно, а правам друго, гледај што правам, а не што зборувам. Делата зборуваат повеќе за мене, отколку зборовите.

*Ако ти сама не се сметаш за убава, ќе ми поверуваш ли, дека за мене си таква, дури и ако сум ти го кажал тоа сто пати?

*Ми треба време за себе си – тоа е мојот начин да се справувам со проблемите. Обично не ги решавам проблемите со зборување.

Додека пак јазикот на жените е многу поедноставен и изгледа вака:

Да =Не

Не = Да

Може би = Не

Жал ми е = Ти ќе жалиш

Ни треба = Ми треба

Прави што сакаш = за што ќе си платиш понатака

Треба да научиш да комуницираш = треба да се согласуваш со она јас што ќе го кажам

Напиши коментар