Доколку сакате да ја подобрите вашата крвна слика, потребно е да го конзумирате овој сируп два пати во годината.
Доколку сте омалкасани, се чувствувате уморно, време е да ја проверите крвната слика. Но пред да го направите тоа обидете се на природен начин и со природни состојки сами да ја подобрите вашата општа состојба и крвната слика.
Потребни состојки:
* 1кг цвекло
* 1/2кг моркови
* сок од еден лимон
* 2-3 портокали
* 2 кисели јаболка
* 1 тегла мед
Подготовка:
Цвеклото, морковите и јаболката се лупат и се сецкаат на помали парчиња па се цедат во соковник. Ги цедиме посебно лимонот и портокалите и ги додаваме во сокот од соковникот, па додаваме мед (најдобро од липа, багрем или ливадски). Мешаме со цел медот да се раствори во сокот.
Сирупот се префрла во стаклен сад. Се добива околу литар и пол до два литри сируп. Сирупот пијте го секое утро на празен желудник околу 1 децилитар разблажен со вода бидејќи инаку е многу благ.
Вкусен е, многу хранлив и здрав.
