Изгледа дека славата на „добра крадачка“ продолжува да ја следи актерката Линдзи Лохан. Овој пат една од медицинските сестри што се грижеле за Елизабет Тејлор во последните години од нејзиниот живот, ја обвинува Лохан дека украла скапоцен накит што припаѓал на легендарната актерка.
Во изворот се вели дека Линдзи успеала да го украде парчето накит за време на снимањето на „Лиз и Дик“, дело што го раскажува животот на Тејлор, каде Линзи ја игра главната улога.
Според сајтот актерката заврзала блиско пријателство со една од медицинските сестри, што била во многу добри односи со Тејлор и успеала да го украде од неа скапоценото парче накит што и било подарено од кино легендата.
Медицинската сестра изјавила дека ќе повика полиција ако Линдзи не го врати накитот. Неколку дена покасно Линдзи ја признала грешката и ја вратила огрлицата на вистинската сопственичка.
Ова не е прв пат актерката да биде замешана во ваков скандал. Таа доби условна казна имено поради кражба на накит од луксузен салон во Венеција.