Здраво тело

Слабите жени веќе не се во мода…доминираат покрупните

Новите стандарди за женска убавина

Апсолутен идеал за надворешен изглед не постои, но порано се сметаше дека убавата жена е висока и слаба. Во последно време започнува да се забележува враќање кон идеалот за покрупни дами, кои не се само коски и кожа. Тоа се докажува и од новото истражување според кое убавите жени треба да се високи 170 см и тешки 77 кг.

Меѓувремено во многу држави започна кампања насочена кон борбата со нездравиот начин на живот. Во Израел беше воведен закон кој забранува појава на многу слаби манекенки, кои би биле пример за останатите жени.

Напиши коментар