Во пресрет на новогодишните и божиќните празници ви ја нудиме оваа лесна рецепта за подготвување на слатки колачи во облик на снегулки. Може да ги искористите како декорација, но и да уживате во убавиот вкус кој ќе ве врати во детството.
Подготовка:
Изматете ги јајцатасо шеќерот и додадете го растопениот путер. Полека додавајте го брашното и ванилиниот шеќер. Не брзајте во ставањето на брашното бидејќи нема да почувствувате кога е доволно тврдо тестото. Откако убаво ќе го замесите тестото ставете го половина час во фрижидер. Потоа извадете го и ставете го на собна температура. Потоа расукајте кора со дебелина од 1 – 1,5 см. Со калапи сечете ги колачињата во облик на снегулки или други форми кои ве асоцираат на претстојните празници.
Печете ги на температура од 180 °C. По ваш вкус печете ги. Доколку сакате потврди колачи печете ги подолго.
Откако добро ќе се изладат премачкајте ги со преливот кој го подготвивте од шеќер и лимон. Убаво мешајте го за да се растопи целиот шеќер.
Совет плус: доколку сакате во тестото може да ставите и цимет и рендана кора од лимон или портокал.
Потребни состојки:
– 630 гр брашно
– 250 гр путер
– 250 гр шеќер
– 3 јајца
За преливот:
– 250 гр шеќер
– сок од лимон