Има жени, кои цел живот не можат да научат да се сакаат и да се ценат себе. Има жени кои никогаш не прогледуваат подалеку од носот. Има добро… и вистински жени. Тие знаат колку вредат, тие знаат што сакаат, тие знаат како да се почитуваат себе си и другите. И затоа се среќни.
Наидовме на една многу интересна класификација на различните типови на жени: жените слугинки, жените принцези и жените кралици… Замисливме дека секоја дама би сакала да биде кралица… или барем принцеза. Замисливме и дека за да биде вистински среќна, треба да биде кралица. Замисливме и дека всушност секоја жена може да стане кралица, кога најпрво ќе си признае искрено пред себе, дека не е.
Затоа погледнете какви се слугинките, принцезите и кралиците и одговорете си на прашањето: “А каква сум јас?”…
“Слугинката сонува за добрата самовила. Принцезите за прекрасниот принц. Кралицата не сонува таа дејствува.
Слугинките се слаби, но изгледаат силни. Принцезите се силни, но изгледаат слаби. Кралиците поминуваат без маски.
Слугинките доаѓаат порано. Принцезите доцнат. Кралиците доаѓаат секогаш навреме.
Слугинките за се што им се случува, се обвинуваат себе. Принцезите ги обвинуваат другите. Кралиците прават заклучоци.
Слугинките не умеат да победуваат. Принцезите не умеат да губат. Кралиците не се натпреваруваат.
Слугинките се сметаат себе си за втора рака. Принцезите се сметаат себе си за убавици. Кралиците немаат време да се погледнат во огледало.
Слугинките може да не ги забележуваш. Принцезите не смееш да не ги забележиш. Кралиците не смееш да не ги забележуваш кога на нив им е потребно тоа.
Слугинките се послушни. Принцезите се своеволни. Кралиците се дисциплинирани.
Слугинките поднесуваат понижување. Принцезите за тоа се одмаздуваат. Да понижиш Кралица е невозможно.
Слугинките сакаат да добијат пофалба. Принцезите внимание. Кралиците искуство.
Слугинките не умеат да сакаат. Принцезите не умеат да чекаат. Кралиците знаат дека секое нешто ќе си дојде во свое време.
Слугинките не сакаат да пораснат. Принцезите не сакаат да остарат. Кралиците знаат дека секое нешто ќе си дојде во свое време.
Слугинките го гледаат светот во црно. Принцезите во розово. Кралиците во розово, црно и во сите други бои.
Со слугинките е досадно. Со принцезите е комплицирано. Со кралиците е интересно.
Да си слугинка е комплицирано. Да си принцеза е малку. Да си кралица вреди!
