Здраво тело

Со кисело млеко се слабее најлесно и најбрзо!

Ако се прашувате како да симнете некое килце, но не сте спремни за долги и макотрпни диети, зошто не пробате нешто вкусно? Кисело млеко на пример?

Нутриционистите веќе докажаа дека киселото млеко и овошните салати се најдобриот избор за ефикасно слабеење зошто создаваат чувство на ситост, а истовремено се нискокалорични.

Експертите објаснуваат дека  киселото млеко и овошните салати заситуваат брзо и ви ја даваат потребната енергија и тоа после конзумација на многу мали количини. А знаеме дека оваа храна е и многу здрава!

Според едно германско истражување ако јадете кисело млеко на секои два часа вие конзумирате 30-40% помалку калории при секој оброк. Овој ефект се постигнува благодарение на целулозата што ја има во киселото млеко.

Принципот е едноставен: кисело млеко на секои два часа и 1-2 овошни салати на ден. Резултатите ќе ги забележите сосема наскоро и тоа не само во однос на тежината, туку и во однос на здравјето и убавиот изглед на вашата кожа и коса.

Напиши коментар