← НАЗАД НА БОЗА

Што ja одликува силната жена?

Што ja одликува силната жена?
1397 Читања

Речиси секоја втора жена тврди дека е силна. Исто како и секој втор маж тврди и си верува, дека е вистински женкар. Но тоа дека можеш сама да заработуваш, да си смениш сијалица, да се грижиш за себе и да се воздржуваш од солзите пред маж, не те прави силна жена!

Кога маж ќе ја повреди силната жена таа продолжува напред. Не разгласува на сите свои пријателки каква хероина е.

Силната жена не се срами да плаче. Но, кога го прави тоа не бара глупави оправдувања за солзите. Не се удира во градите колку независна и самостојна е всушност. Бидејќи силната жена е доволно силна да ја прифати женската слабост! И да признае дека не е совршена!

Силната жена никогаш, апсолутно никогаш не жали за своите грешки! Таа им се насладува добро и …. учи од нив!

Силната жена не ги крие своите слабости. Таа ги користи како мамка!

Силната жена не се обидува да се промени и не ги копира другите. Таа не е имитатор, таа е играч со сопствен стил кој постојано се развива!

Силаната жена знае дека е непотребно губење на време и напор е да се биде силна жена, кога совршено се справува со тоа да е само… Жена!

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk