ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 45гр шеќер во прав за попрскување
* 180гр масло
* 0,5 лажиче цимет
* 4 јаболка
* 1 чаша млеко
* 4 јајца
* 2 чаши брашно
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Во еден сад го ставаме брашното.
- Јајцата ги матиме, па ги додаваме во брашното.
- Постепено го додаваме млекото, додека добиеме смеса со густина на пире.
- Јаболката ги лупиме, ги рендаме, ги додаваме кон смесата и добро мешаме.
- Го додаваме циметот.
- Топчињата ги пржиме во загреано масло додека да поруменат.
- Ги вадиме, ги сатавме за кратко на кујнска хартија за да се ицедат, а потоа ги префрламе во чинија за сервирање и ги попрскуваме со шеќерот во прав.
