Art & Crafts

Сокријте ги темните кругови под очите со само неколку потези

Многу жени, а понекогаш и мажи, мака мачат со темните кругови под очите кои некогаш неможат да се сокријат ни со сите богатства на козметичката индустрија. Сепак, постојат неколку трикови како да се ослободите од нив, а начинот е брз и делотворен!

Пиете барем два литри вода дневно

Долг и мирен сон, здрава и редовна исхрана, помалку алкохол и поминување време на свеж воздух се секогаш добредојдени  за свеж изглед на лицето и помали кругови под очите. Но покрај тоа многу е важно да пиете барем два литри вода на ден, бидејќи таа го чисти организмот од штетните состојки. Внимавајте и на тоа да не внесувате јака храна во вечерните часови.

Спијте на перница

Темните кругови под очите и отечените капаци се почести кај луѓето кои спијат на стомак. Во ткивото на капаците тогаш се собира крв, па доаѓа до отеченост. Токму поради тоа спиете на грб , и доколку е можно секогаш на перница.

Ладете го местото околу очите

Во повеќето случаи ладното може да помогне затоа што го забрзува протокот на крвта и ја смалува отеченоста. Ставете една лажица во замрзнувач на пет минути и потоа ставете ја околу очите.

Напиши коментар