Викенд е и денот е создаден само за уживање по дома, но на нас многу ни недостасува сончевото време. Толку ни е потребно сонцето во душите што дури се инспириравме барем вака да го пренесеме нашето внатрешно расположение надвор од нас. И поточно со помош на ентериерни идеи.
Избравме неколку неверојатно свежи декорации кои ќе ги споделиме со вас со цел да ви го подобриме расположението и да ви покажеме дека и кога надвор е зима, во домот може да биде прилично сончево. Еве ги тие бои кои создаваат илузија за сончева светлина и топлина во домот.