← НАЗАД НА БОЗА

Сопругата секогаш победува пред љубовницата!

Сопругата секогаш победува пред љубовницата!
1100 Читања

Мажот – неговата сопруга – љубовницата, тоа не може да се опише ниту со комплексноста на геометриската фигура, ниту со последиците од Бермудскиот триаголник. Во оваа шема секогаш има една профитабилна и една зa….. страна. Природно, победник е мажот кој добива и љубов, и страст, и топла супа. Но, драги девојки, ако мислите дека тој ќе ја напушти супата поради неверојатниот секс, нешто сте во грешка.

За нас, жените, љубовта и бракот може да се меѓусебно поврзани, но не и за господата. Тие го асоцираат семејството со комфорт, дом и постојаност, а љубовта – со секс, емоции и разновидност.

Според статистиката само 5% од мажите ги напуштаат сопругите заради друга жена, а 70% од разведените господа се враќаат кај жена си по првата година од соживот со љубовницата.

Причините се повеќе од јасни – тој никогаш не може да ја прифати љубовницата како нешто различно од објект за задоволства. И зошто да го напушта домот, штом може да има мир тука, а љубов –таму?

Да се забавуваш надвор и да се вратиш дома е едно, но да бидеш без право на избор е друго.

Затоа сопругата обично победува. Другата останува друга и најглупавото што може да го реши е да забремени, за да го задржи мажот. Да, сосема можно е тој да се грижи одлично за бебето, но во еден момент, вие нема да сте ништо повеќе од мајката на неговото дете.

И уште нешто, девојки, навиката има неверојатна власт над господата и често е посилна од љубовта. Колку и да ви објаснува дека жена му е хистерична, не знае да чисти и готви, тој сепак е ужасно поврзан со неа, а вие никогаш нема да бидете поврзани на ист начин.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk