Само жените кои имаат масна коса знаат со каков долготраен проблем се справуваат. И покрај секојдневните утрински обврски, како што се : варење кафе, подготвување на децата за во училиште, шминкање и облекување, треба и да ја измиете и исфенирате вашата коса. Масната коса повеќе претставува организационен проблем. Еве неколку совети колку -толку да го ублажите проблемот со вашата коса и да заштедите на време.
Регенератор пред шампон
Масната коса мијте ја, така што прво ставите генератот, па потоа шампон. На овој начин, вашата коса ке биде нахранета и нема да задржува повеќе матрејали од потребното. Кога ја миете косата навалете ја надолу, а на врвовите немојте да нанесувате шампон, затоа што на тој начин се оштетуваат.
Користете шампони наменети за масна коса, бидејќи имаат помалку хемикалии. Косата плакнете ја со млака вода. Топлата и врела вода ја зголемуваат веројатноста за маснење.
Кога немате шампон, тука е сапунот
Доколку ниеден препарат не ви помага, земете сапун на природна база, искршете го на мали парчиња и ставете го да одстои во вода неколку саати. Потоа исцедете ја водата, а сапунот помешајте го со беби пудра. Измијте ја косата со добиената смеса.
Измијте ја косата со оцет
Наместо регенератор користете сок од лимон или оцет од јаболка. Доколку сакате природен ласион за коса, во чаша вода, ставете две лажици благ оцет и сол. Смесата ставете ја на коренот на вашата коса, почекајте еден час и исплакнете ја косата со млака вода. Потоа исчешлајте ја косата.
Бонус совети
Шишајте се степенасто. Така косата ќе добие на волумен. Избегнувајте фризури со шишки, затоа што тие се првиот показател дека имате масна коса. Пробајте да не користите фен.
