Секогаш сум верувала дека исполнетиот живот не се мери со нулите на банкарската сметка, нуту со бројот на собите во нашиот дом. За да се чувствува добро, човек мора да се справи со нешто многу потешко од тоа да си обезбеди финансиска стабилност. А тоа е да ја открие хармонијата во себе. Да научи да се сака и почитува!
Сето тоа ќе помине
Дури и да сте на дното на очајот или пак да летате во облаци од среќа, треба да сте свесни за едно – тоа ќе заврши. Дајте им простор на умот и срцето за да можат да продолжат понатаму, во вистинската насока.
Јас сум
Не можете да уживате во животот и да се развиете доколку не знаете точно каква личност сте. Треба да бидете свесни какви способности имате, какви ви недостасуваат и како да се здобиете со нив. Како и што очекувате! Реалната оценка е многу тешка за секој човек. Склони сме да се идеализираме, да сметаме дека сме секогаш во право, да не го почитуваме мислењето на другите и да рушиме се во името на нашето его. Ако успеете да бидете безрезервно искрени со себе, сами ќе се уверите дека отсега па натаму се ќе биде многу полесно.
