За време на модната недела во Париз врвниот бренд Saint Laurent ја претстави есен – зима колекцијата за 2013/14 година. Од она што го видовме паѓа во очи влијанието на рокенрол културата и гранџ стилот што е изразено преку кожените јакни и панталони во комбинација со кул чевли до глуждот. Но во колекцијата исто така ќе видите и многу плетиво, масивни и топли волнени капути и палта, гломазни плетени шалови кои ја прават колекцијата истовремено удобна и прилагодлива за секојдневието.