Ако сакаш брз автомобил кој не е од марките Koenigsegg или Bugatti, избери го SSC Ultimate Aero XT. Компанијата која порано беше позната како ShelbySuperCars денес е подготвена за следниот предизвик.
Моделот SSC Ultimate Aero XT ќе започне со производство за да го постави следниот голем рекорд за максимална брзина.
SSC Ultimate Aero XT се раѓа во 2006 година, кога поставува нов светски рекорд за брзина над 320 км/ч. Во 2007 година достигнува до 407км/ч и го држи нивото, додека Бугати не се појавува на пистата. Ultimate Aero XT ќе го има последниот збор со својот турбо 7.0-литров V – 8 мотор, кој ќе биде разработен за следниот модел Tuatara кој ќе има 1300 коњски сили и брзина над 436км/ч.
И додека Ultimate Aero влегува во продукција, Tuatara продолжува да собира нарачки и се очекува да излезе 2013 година. Цената на моделот ќе биде околу 1,3 милиони долари.