ШоуБиз

Стив Мартин: За прв пат татко на 68 години

Стив Мартин по прв пат стана татко и тоа на 68. години. Во медиумите се шпекулира дека Мартин и неговата сопруга Ен Стрингфилд (41), новинарка на “Њујорк Тајмс”, добиле принова во декември минатата година.

Иако парот познат по чување на приватноста, го држеше во тајност ова радосно случување, неодамна е виден како шета со бебето во Лос Анџелес.

–          Добиа бебе но никој незнае како успеаа да ја зачуваат тајната-кажа неименуван извор за “Њујорк пост”.

Стив и Ен се венчаа во јули 2007. година псле три години заеднички живот. Мартин предходно беше во брак со глумицата Викторија Тенант од 1986. до 1994. Година.

Напиши коментар