Доколку во блиска иднина ви предстои свадба, нема како да пропуштите а да не фрлите око на новата колекција на венчаници на омилената дизајнерка на sвездите Vera Wang. Секој модел од колекцијата е уникатен, потопен во целост во нијанси на црвено. Нејзините креации секогаш будат восхит со својот раскош и детална изработка. Овој пат, таа дури се надмина себеси и представи врвни венчаници за идните невести.
Свадбената колекција импресионира со фустани изработени од луксузни ткаенини како фина чипка и чиста органза. Вистински сон за секоја дама.
Денот на свадбата е ваш ден! Можете да облечете било каков фустан во кој ќе се чувствувате како божица, без разлика во каква боја. Претворете го вашиот сон во реалност!










