Мода

Стрит стил: Лондонската недела на модата

За време на Неделата на модата во британската престолнина Лондон уживавме во новите модели на новите модни дизајнери и утврдивме неколку главни трендови:

“Миди” здолништа

Средната должина на здолништата многу често е запоставене поради идејата дека е старомодна. Инспирирајте се од девојките кои знаат како да ја носат, за да не изгледа толку ретро. Со најсоодветните додатоци може да се постигне една модерна и убава визија, без оглед на должината на здолништето.

Изберете здолниште кое е украсено со чипка или додадете акцент на половината како појас во светла боја или цвет. Малку дами се осмелуваат да носат такви здолништа, па можете да бидете уникатна!

Мек џемпер

Оваа гардероба е идеална за ладните денови. Џемперот можеби и не е толку женствена облека, но овозможува различни впечатоци – со здолниште, фармерки или широки пантолони. Предноста е во тоа што може да се направи една комбинација да изгледа спортски, но и елегантно. Од големо значење е со што ќе го комбинирате.

Розово палто

Нестандардно, но исклучително оргинално – розовото палто е совршено за есен и зима. Ова палто е повеќе за храбрите дами отколку за оние кои претпочитаат сива и црна, но одвреме на време вреди да експериментирате. Не е потребно под палтото да бидете облечени со светли и премногу шарени алишта. Доволни се еден пар фармерки и бел џемпер.

Се друго, но не припиено за телото

Не мислиме дека само гардеробата која е припиена за телото е сексапилна! За оние од вас кои мислат исто така, видете како дамите ја носат и комбинираат гардеробата која е за еден или два броја поголема.

Класично беж палто

Никогаш нема да згрешите со едно класично беж палто. Тоа е едноставно незаменливо и задолжително. Оди на се и се комбинира лесно со апсолутно секаква гардероба.

 

Напиши коментар