Овој модел представува нов концепт на спортски, јаки луксузни пловила, со елегантни надворешни линии. Внатрешноста е осмислена така, да обезбеди максимален конфор и удобност. Она што го одзема вниманието веднаш по влегувањето во кабината е неверојатната пространост на главниот салон. При дизајн на ентериерот бирани се природни матерјали, како што се квалитетно храстово дрво, во комбинација со кожа и суптилни ткаенини.
Главната палуба е дизајнирана така да личи на поткровје и поседува голем салон за гости, каде е сместена пространа полукружна трепезарија со голем телевизор од 50 инча, кој е сокриен во прекрасно дрвено шкавче.
Кабината на сопственикот поседува голем апартман, и луксузно купатило.
Уживајте во фотографиите!