Во Катар за прв пат беше претставен моделот Lykan Hypersport дело на компанијата W Motors…
Вкупно ќе бидат направени само седум примероци, а цената за овој автомобил ќе биде 3,4 милиони долари.
Кога станува збор за спецификациите на моторот и перформансите, Lykan Hypersport има со што да се пофали. Централно поставената шест цилиндрична погонска единица опремена е со два турбо полначи и во состојба е да развие 750 кс. Според произведувачот Lykan Hypersport развива до 100 км/ч за 2,8 секунди, додека неговата максимална брзина изнесува 395 км/ч.