Здраво тело

Суво грозје за подобар вид

Кога помеѓу редовните оброци ќе осетите потреба за јадење , наместо грицкалици кои обилуваат со адитиви и конзерванси, нутриционистите препорачуваат конзумација на суво грозје, кое е права ризница од витамини и минерали.

Сувото грозје содржи полифеноли, фитонутритиенти кои имаат јако антиоксидантско дејство, па ги штитат очите и го спречува ослабувањето на видот.

Поред тоа, ова овошје во својот состав има голема количина од витаминот А, бета-каротен и акротеноид, кои исто така играат важна улога во чување на здравјето на очите.

Олеанската киселина, која исто така се наоѓа во сувото грозје, важна е за здравјето на забите бидејќи го намалува ризикот од воспаление на непцата, кариес и опаѓање на забите.

Но, тоа не е се- сувото грозје ја поттикнува и апсорбацијата на витамините и минералите од останатите состојки кои ги внесуваме во организмот во текот на денот и со тоа допринесуваат за јакнење на имунитетот.

Напиши коментар